вторник, октомври 20, 2026
Дома СВЕТ Зеленски патува во Осло на средба со Виткоф, во услови на затегнати...

Зеленски патува во Осло на средба со Виткоф, во услови на затегнати односи со САД

0
EPA/STRINGER
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе отпатува за Осло за да се сретне со специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, во обид да ги поправи односите со Вашингтон – односи кои значително се влошија во текот на изминатите две недели, додека претседателот Доналд Трамп сè повеќе се приближува кон Москва.
Трамп, кој ги укина санкциите против Русија – наведувајќи ја како причина желбата за намалување на цените на горивата во САД – во неколку наврати упати критики кон Зеленски. Киев тврди дека Вашингтон неодамна пропуштил да испрати навремени предупредувања за руските ракетни лансирања, како и дека ги ограничил сателитските врски на „Спејс екс“, што се користат за наведување на украинските беспилотни летала.
Во понеделникот, Трамп изјави дека „Русија, искрено кажано, се однесува коректно во однос на Украина“ и дека „Зеленски не помага многу“. Тој го повика Киев да најде „некој друг за преговори“.
Зеленски изјави дека разговарал со државниот секретар Марко Рубио за неколку прашања, вклучително и за пресретнувањето на балистички ракети, системите за рано предупредување за руски ракетни напади, како и за „ситуацијата со ’Старлинк/Старшилд‘, која треба да се нормализира“ – мислејќи на системот на компанијата „Спејс екс“.
„Се разбира, сето ова се одвива во контекст на нашите дипломатски напори да се стави крај на оваа ужасна војна и на постојаното убивање луѓе“, напиша Зеленски во објава на социјалната мрежа „Икс“ (X).
Западноевропските земји ја гледаат одбраната на Украина од руската инвазија како егзистенцијално прашање за безбедноста на континентот, а тие му даваат силна поддршка на Зеленски и работат на спречување на подлабок раскол меѓу Вашингтон и Киев, пренесува Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ