Снимка на која девојка мирно ужива во својот пијалок во париско кафуле додека на само неколку метри од неа беснеат пожари од немирите во Париз, стана вирална на социјалните мрежи.
Но, зачудувачким оваа не е единствена снимка од овој тип. На социјалните мрежи се појави и видео на кое се гледа жена која џогира, трчајќи директно низ немирите на улицата.
Камерите исто така снимија и збунети туристи кои, влечејќи ги своите куфери, се пробиваа низ толпата демонстранти.
На снимките се гледаат припадници на полицијата за разбивање демонстрации, метални барикади, мали пожари и густи облаци од розов чад што ја исполнуваат улицата.
Во меѓувреме, францускиот функционер Себастиен Лекорну изјави дека им наложил на регионалните власти да воведат „многу ограничени“ и „локализирани“ полициски часови во градовите, со цел да се спречат понатамошни немири и грабежи.
Низ цела Франција избувнаа насилни протести, кои следеа по демонстрациите предизвикани од лошите услови во училиштата и високите трошоци за живот. Според локалните медиуми и податоците на полицијата, уапсени се повеќе од 2.000 луѓе. Се проценува дека на улиците излегле околу 550.000 луѓе, а француската влада ја опиша ситуацијата како „ескалација на насилството“.
View this post on Instagram












