среда, август 26, 2026
Дома СВЕТ Зеленски му додели Орден на слободата на Илон Маск, иако не ѝ...

Зеленски му додели Орден на слободата на Илон Маск, иако не ѝ дозволи на Украина да го користи „Старлинк“

6
EPA/MADE NAGI

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, издаде декрет со кој му го доделува Орденот на слободата на американскиот милијардер и сопственик на „Спејс икс“, Илон Маск.

– Орденот на слободата му се доделува на Илон Маск, претприемач, инженер и менаџер на компаниите „Спејс икс“ и „Тесла“ во САД, се наведува во претседателскиот декрет.

Според декретот, Маск е одликуван за „извонреден личен придонес во заштитата на човечкиот живот и слободата, како и во развојот на односите меѓу народот на Украина и Соединетите Американски Држави“, објавува „Украинска правда“.

Списанието „Атлантик“, повикувајќи се на соработници на поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров, претходно објави дека Маск одбил да ѝ дозволи на Украина да го користи сателитскиот интернет „Старлинк“ за извршување напади на руска територија, верувајќи дека дошло време Украина да постигне мировен договор со Русија.

ИЗДВОЕНИ