Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, издаде декрет со кој му го доделува Орденот на слободата на американскиот милијардер и сопственик на „Спејс икс“, Илон Маск.
– Орденот на слободата му се доделува на Илон Маск, претприемач, инженер и менаџер на компаниите „Спејс икс“ и „Тесла“ во САД, се наведува во претседателскиот декрет.
Според декретот, Маск е одликуван за „извонреден личен придонес во заштитата на човечкиот живот и слободата, како и во развојот на односите меѓу народот на Украина и Соединетите Американски Држави“, објавува „Украинска правда“.
Списанието „Атлантик“, повикувајќи се на соработници на поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров, претходно објави дека Маск одбил да ѝ дозволи на Украина да го користи сателитскиот интернет „Старлинк“ за извршување напади на руска територија, верувајќи дека дошло време Украина да постигне мировен договор со Русија.












