недела, август 30, 2026
Дома СВЕТ Зеленски ја презема одговорноста за нападите врз руските воени и нафтени објекти

Зеленски ја презема одговорноста за нападите врз руските воени и нафтени објекти

0
Фото: EPA/OLIVIER MATTHYS

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека украинските сили извршиле неколку напади со долг дострел врз руската инфраструктура во текот на ноќта.

 

„Нашите напади со долг дострел работат на различни растојанија и во различни области, но секогаш на фер начин и на начин што ја лишува Русија од ресурсите потребни за водење на својата брутална војна“, рече Зеленски на социјалните медиуми.

Според него, украинските сили гаѓале места за складирање, подготовка и лансирање беспилотни летала за напад во регионите Орјол и Ростов, како и воен аеродром во Јејск и објекти на Црното Море.

Украинските сили нападнаа рафинерија во регионот Ленинград, која „придонесува милиони долари во воениот буџет секој месец“, додаде Зеленски, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ