Според првичните информации, 22-годишна девојка е убиена, додека пет млади лица се ранети, некои од нив сериозно.
Напаѓачот или повеќе од нив се во бегство, а полицијата спроведува обемна потрага во која учествува и хеликоптер. Мотивите и точните околности на нападот сè уште не се познати, а граѓаните се повикани да ја избегнуваат областа. Улиците ги патролираат специјални сили вооружени со пушки.
Воен хеликоптер „Супер Пума“ сè уште лета над и ја пребарува областа околу Арау, јавува „Блик“. На терен сè уште се во тек полициска операција од големи размери и потрага по сторителите.
Во моментов се знае многу малку за сторителите, а полицијата сè уште не може да потврди дали имало еден или повеќе напаѓачи, јавува „Блик“. Портпаролот на полицијата, Паскал Венцел, повтори дека потрагата од големи размери е во полн ек и дека мотивите за нападот сè уште се непознати.
Еден од очевидците од хиподромот изјави дека видел „сенка со автоматска пушка“ во текот на ноќта. Во нападот е убиена 22-годишна девојка, додека пет лица на возраст меѓу 24 и 27 години се хоспитализирани со повреди од полесни до сериозни.
Истражителите интензивно работат на утврдување на видот на оружјето што е употребено во нападот, а сè уште не е познато дали напаѓачите се уште се вооружени. Венцел не сакаше да коментира дали тешко повредените лица се во животно загрозувачка состојба.
Швајцарскиот диџеј „Диџеј Текибо“, кој настапи на „Aarauer Rave“ ноќта помеѓу саботата и неделата и беше сведок на пукањето, даде емотивна изјава на Инстаграм.
– Она што се случи на Aarauer Rave е апсолутно срцепарателно и нешто што никогаш не треба да се случува на нашата сцена.Техно и рејв забавите треба да бидат места на слобода и безбедност, никогаш места каде што се случува нешто вакво – рече диџејот.
Тој рече дека сè уште се обидува да го процесира она што се случило бидејќи „изгубил важна пријателка“ во нападот.
– Немам вистински зборови за ова. Правам пауза од сè некое време за да ја процесирам оваа ситуација! Почивај во мир М – заклучи музичарот. Официјално не е познато на кого точно се однесува неговата порака за збогум.












