Зеленски ја обвини Русија дека користела ракета произведена во Северна Кореаја во нападите на Киев

17
Фото: EPA-EFE/STRINGER

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја обвини Русија дека употребила ракета „произведено од Северна Кореја“ во нападите врз Киев во текот на ноќта, во кои загинаа најмалку 12 лица.

„Според првичните извештаи, Русите користеле балистичка ракета произведена во Северна Кореја. Нашите разузнавачки служби ги проверуваат сите детали“, рече Зеленски на Фејсбук, пренесува Бета-Франс прес.

Во напад на руски ракети и беспилотни летала насочени кон Киев, во текот на ноќта загинале 12 лица, а 90 се повредени, се наведува во извештајот на украинската служба за итни случаи.

ИЗДВОЕНИ