Средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американските специјални претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер започна денес во Киев, објави „Укринформ“.
Кушнер и Виткоф пристигнаа во Киев порано денес со воз од Полска, каде што нивниот авион слета утрово по синоќешните разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
Ова е прва заедничка посета на двајцата американски претставници на Киев од почетокот на војната во 2022 година.
Зеленски претходно изјави дека целта на Киев е посетата и разговорите со американската страна да бидат што е можно поконструктивни и суштински.
Специјалните претставници на американскиот претседател беа во Москва на 5 септември, каде што се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин.












