недела, септември 6, 2026
Дома МАГАЗИН Заврши агонијата на тричасовно искачување по карпи на патот до училиште: Кинезите...

Заврши агонијата на тричасовно искачување по карпи на патот до училиште: Кинезите изградија џиновски лифови за децата/видео

0
Фото:принтскрин/видео Јутуб ШангајАј

За да стигнат до училиште, децата пешачеле до шест часа на ден, објавува „Глобал тајмс“.

Патувањето било долго, напорно и многу опасно. Децата мораа да се искачуваат по стрмни, тесни и изложени планински патеки – по три часа во секој правец.

Како резултат на тоа, многу ученици остануваа во училиште во текот на неделата, додека нивните родители ги носеа дома за време на викендите.

Првиот стаклен лифт, висок 268 метри, заедно со жичарница, беше отворен за јавноста во 2022 година за да им се олесни движењето на локалните жители. Ова лето, се отвори панорамски лифт висок 288 метри, со што се зголеми капацитетот за транспорт.

За да стигнат до училиште, децата возат до дното на кањонот, а потоа се качуваат со брзи лифтови по карпата за само една минута. Потоа се качуваат на жичарница која ги води до крајот на патот.

Сега, им треба само околу половина час за да стигнат до училиште, а возењето е целосно бесплатно за локалните жители.

ИЗДВОЕНИ