„Ракетниот напад врз деветкатна зграда во Киев, во кој загинаа 28 лица, е уште еден доказ дека мора да се извши поголем притисок врз Москва, за да се согласи на прекин на огнот“, рече денеска украинскиот претседател Володомир Зеленски.
Во нападот, кој се смета за најсмртоносен во украинската престолнина оваа година, беа ранети 142 лица, објави АП.
Зеленски го посети местото на нападнатата станбена зграда во киевската област Соломјански, оддавајќи им почит на 23-те лица кои загинаа во директен ракетен напад во кој беше срушен дел од зградата.