Завршува рехабилитацијата на патот Охрид-Свети Наум која за прв пат се случува по четири децении. Со 11,7 милиони евра – средства обезбедени од буџетoт на ЈП за Државни патишта рехабилитирани се 24,3 километри.

– Ја подигнавме безбедноста во сообраќајот, го подигнавме квалитетот на туристичкиот и економскиот потенцијал и развој во охридскиот регион, и обезбедивме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија. Извршивме растоварување на косините од нестабилен карпест материјал и монтиравме заштитна челична мрежа на косините. На овој начин се подобри прегледноста на патот што е најзначаен сегмент за учесниците во сообраќајот – вели директорот на ЈПДП, Коце Трајановски.

При крај е поставувањето на вертикалната сигнализација, односно сообраќајните знаци, како и означувањето на хоризонталната сигнализација т.е боење со патарска боја. Привршува и поставувањето на еластичната одбојна ограда.

Овој магистрален пат е исклучително значаен не само затоа што е главна туристичка сообраќајна делница, туку и затоа што не поврзува регионално.

ИЗДВОЕНИ