Јавното претпријатие за државни патишта, во соработка со ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта („Македонија пат“) и со Општина Куманово, ги заврши градежните работи на рехабилитацијата на дел од регионалниот пат Р1104 транзит Куманово (улица „Никола Тесла“).
Саниран е коловоз во должина од 1,4 километри, со променлива ширина од 6,5 до 9 метри, односно станува збор за површина од околу 10.000 квадратни метри. Дополнително, Општина Куманово изврши санација на водоводната и на фекалната мрежа на овој дел од регионалниот пат.
За санацијата беа издвоени 20 милиони денари, обезбедени преку Годишната програма за одржување и заштита на државните патишта на ЈПДП и ЈП „Македонија пат“.