сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ Завршена е операцијата за пребарување и спасување по големиот руски напад во...

Завршена е операцијата за пребарување и спасување по големиот руски напад во Днепар: Конечниот биланс изнесува 16 загинати, а 42 повредени лица, меѓу кои 4 деца

100
Фото: EPA/SERGEY DOLZHENKO

Завршена е операција за пребарување и спасување во станбена зона погодена од руски ракети во текот на ноќта во Днепар, објавува „Украинска правда“.

Шефот на регионалната администрација на Днепропетровската област, Александар Ганжа, изјави дека 16 лица се убиени, а 42 се повредени во рускиот напад.

Четири деца се меѓу ранетите. Три од нив се во болница, како и 21 возрасен.

Градоначалникот на Днепар го прогласи 3 јуни за ден на жалост во градот.

ИЗДВОЕНИ