Амбасадорите од Израел и Либан денес се состанаа во Стејт департментот за уште една рунда директни разговори, бидејќи продолжуваат судирите меѓу либанското движење „Хезболах“ и израелските воени сили, објавија француските медиуми.
Четвртиот состанок меѓу претставници на двете земји, кои немаат дипломатски односи, се одржува во американскиот Стејт департмент во Вашингтон и се очекува да трае два дена.
На состанокот учествуваат израелскиот амбасадор Јехиел Лајтер, либанската амбасадорка Нада Хамадех Моавад и Даниел Холер, советник на државниот секретар Марко Рубио, кој не учествува во оваа рунда разговори.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во понеделник објави договор за прекин на огнот меѓу Израел и либанското движење „Хезболах“, додавајќи дека нема да има напад врз Бејрут.
Израел го напаѓа јужен Либан од 2 март, каде што се верува дека е седиштето на шиитското движење „Хезболах“, кое е поддржано од Иран, пренесе „Бета“.












