Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

51

Затворски полицаец од КПУ-КПД Идризово е уапсен откако кај него беа пронајдени 73 грама марихуана и 50 грама кокаин, скриени во долен веш, со намера да ги внесе во затворот и да ги продаде на осудени лица.

По наредба на јавен обвинител, судија на претходна постапка му определи мерка притвор од 30 дена поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и повторување на делото.

Ова е трет ваков случај со затворски полицаец во изминатиот период.

ИЗДВОЕНИ