петок, јуни 5, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Засега нема знаци за недостиг од авионско гориво во Европа

Засега нема знаци за недостиг од авионско гориво во Европа

6

Комесарот за транспорт на Европската Унија, Апостолос Цацикостас, изјави дека засега нема знаци за недостиг на авионско гориво во Европа во наредните месеци, и покрај отежнатиот транспорт на нафта преку Хормускиот Проток.

Тој рече дека моментално нема проблеми со снабдувањето со млазно гориво во Европа и дека не се очекува недостиг во блиска иднина.

Според него, најзагрозени се регионалните аеродроми, а главната загриженост произлегува од ненадејниот пораст на цените на горивото.

Поради тоа, дел од авиокомпаниите веќе почнуваат да откажуваат линии што не се економски исплатливи.

Комесарот посочи дека патниците можеби нема да се соочат со покачени цени на авиобилетите до крајот на оваа или до почетокот на следната година, но дека ситуацијата е различна од компанија до компанија.

Тој предупреди дека ситуацијата би можела да стане „многу тешка“ до крајот на годината, доколку продолжи прекинот на снабдувањето со нафта од Блискиот Исток.

Хормускиот Проток, клучната поморска маршрута меѓу Персискиот Залив и светските пазари, е делумно блокиран во последните три месеци, што значително го намали глобалното снабдување со нафта.

ЕУ засега ги ублажува последиците преку увоз на горива од САД и Нигерија, но властите предупредуваат дека долгорочна блокада би можела да има сериозни економски последици.

ИЗДВОЕНИ