недела, октомври 11, 2026
Дома БАЛКАН Западнонилската треска брзо се шири во Грција: Од вирусот починаа 19 лица

Западнонилската треска брзо се шири во Грција: Од вирусот починаа 19 лица

30

Бројот на заразени со западнонилскиот вирус во Грција драматично се зголемува. Според грчката Национална организација за јавно здравје (ЕОДИ), од почетокот на годината се евидентирани 232 случаи на зараза, а 19 лица им подлегнаа на последиците од треската.

Ова претставува повеќе од петкратно зголемување во споредба со крајот на јули, кога беа пријавени само 42 случаи. Најкритична е состојбата во поширокото подрачје на Атина, каде што се регистрирани најголем дел од заболените.

Епидемиолозите апелираат до граѓаните и туристите превентивно и редовно да користат средства за заштита од убоди од комарци.

ИЗДВОЕНИ