Аднинистрацијата на Трамп планира да ја искористи донацијата од 130 милијарди долари, пристигнати од „анонимен пријател“ на претседателот Доналд Трамп, за исплата на припадниците на војската во текот на прекинот на работата на владата, потврди во петокот Министерството за одбрана.
„Донацијата е дадена под услов да се користи за покривање на трошоците за плати и надоместоци на припадниците на службата“, изјави главниот порпарол на „Пентагон“ Шон Парнел, додавајќи дека парите се прифатени според „општото овластување на на одделот за прифаќање подароци“.
Овој потег претставвуа значајно отстапување од вообичаената владина процедура за финансирање на војската, која традиционално се потпира на јавни средства кои ги доделува Конгресот.
Претставниците на Конгресот задолжени за пресметка од двете страни на политичкиот спектар изјавија во петокот дека од администрацијата бараат повеќе информации за детели за донацијата, но уште не добиле никакво известување. Некои демократи, исто така, изјазија загриженост поради законитоста на таквиот потег.
Портпаролката на сенаторот Дик Дурбан од Илиноис, водечки демонрат во сенатскиот пододбо за одбранбени сметководствени издатоци, изјави дека тој побарал информаци иза тоа „како овој подарок и други неодамнешни средства го задоволуваат Законот за спречување дефицит“.
Трамп во четвртокот ја пофали донацијата од 130 милиони долари, за која рече дека пристигна од „мој пријател“ со цел да се покријат воените недостатоци. Тој одби да го идентификува донаторот, велејчи дека „тој навистина не сака признание“.
На прашањата за идетитетот на донаторот и неговата евентуална поврзанос тсо странски ентитети или интереси, портпаролката на Белата куќа ги упати новинарите на „Пентагон“ и Министерството за финансии. „Пентагон“ потоа истите прашања ги врати до Белата куќа, додека Министерството за финансии не одговори веднаш на барањето за коментар.
„Пентагон“ ја нарече донацијата „анонимен“ придонес и исто така не одгвори на прашањата дали планира да го извести Конгресот за деталите за нејзината употреба.