На 14.05.2025 околу 22.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Драчево-Катланово, во атар на с.Морани, скопско, патничко возило „фолксваген бора“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(27) од с.Студеничани, скопско, удрило во рефлектирачко столбче на патот, ограда и во бандера која паднала врз возилото.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
Додека со тешки телесни повреди се здобил неговиот сопатник Џ.Т.(22) од с.Студеничани, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.