
Американски и израелски авиони нападнаа ирански бродови јужно од иранскиот остров Ларак во Ормутскиот теснец, при што загинаа „неколку ирански граѓани“, соопшти во понеделник полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс, објави Анадолу.
Иако агенцијата не го потврди точниот број на жртви, некои медиуми објавија дека четири лица се убиени во нападите.
Војската на Соединетите Американски Држави објави дека извршила напади во јужен Иран, насочени кон места за лансирање ракети и бродови кои се обидуваат да постават мини, и покрај прекинот на огнот меѓу двете земји.
Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштението изјави дека нападите биле извршени во „самоодбрана“ и имале за цел да „ги заштитат нашите трупи од заканите што ги претставуваат иранските сили“. Портпарол на CENTCOM изјави дека американската војска „продолжува да ги брани своите сили со воздржаност за време на тековното прекин на огнот“.
Извештаите дојдоа во време на прекин на огнот меѓу САД и Иран, со кој се запре војната што започна со нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, по што следеше ирански одговор.











