
Според EA Sports, компанијата зад популарната фудбалска видео игра FIFA, титулата светски шампион во Северна Америка ќе ја освои – Португалија!
Ова предвидување веднаш предизвика огромна возбуда кај навивачите бидејќи EA Sports има импресивна серија предвидени шампиони.
Нивните симулации претходно правилно ги предвидоа титулите на Шпанија во 2010 година, Германија во 2014 година, Франција во 2018 година, како и Аргентина на последното Светско првенство во Катар.
Португалија ќе има исклучително силен тим оваа година предводен од ѕвезди како Кристијано Роналдо, Бруно Фернандес, Витиња, Јоао Невеш, Рафаел Леао, но многумина сè уште не ги ставаат во внатрешниот круг на фаворити за светското злато.
Навивачите ширум светот сега се прашуваат; дали EA Sports ќе го предвиди победникот уште еднаш или конечно ќе биде прекината нивната совршена серија?
Светското првенство во 2026 година ќе биде најголемото СП во историјата на фудбалот. Турнирот за прв пат ќе биде заеднички организиран од три земји – САД, Канада и Мексико. Мексико ќе стане првата земја што три пати ќе биде домаќин на Светското првенство, по турнирите во 1970 и 1986 година.
За прв пат, на Светското првенство ќе играат 48 репрезентации наместо претходните 32, што значи повеќе натпревари, повеќе изненадувања и повеќе шанси за помалите репрезентации да направат историски резултат.
ФИФА одлучи да го прошири турнирот со цел да го доближи фудбалот уште повеќе до целиот свет и да им овозможи на повеќе земји да ја почувствуваат атмосферата на најголемиот спортски настан.
Турнирот ќе се игра на спектакуларни стадиони низ Северна Америка, а финалето треба да се игра на легендарниот стадион „Метлајф“. Се очекува огромен број навивачи, рекордни приходи и веројатно најгледаниот спортски настан на сите времиња.
Од особен интерес е фактот дека ова би можело да биде последното Светско првенство за генерацијата големи ѕвезди како Меси, Роналдо, Модриќ и Џеко, додека многу млади играчи ќе се обидат да ја освојат светската сцена и да означат нова ера на фудбалот.











