Украинските власти денес објавија дека ќе им дозволат на мажите на возраст од 18 до 22 години да патуваат во странство, што им е забрането од почетокот на војната во земјата во февруари 2022 година пренесе „Бета’.
Забраната се однесуваше на сите мажи на возраст од 18 до 60 години, со одредени исклучоци, а илјадници од нив се обидуваа нелегално да избегаат од земјата секоја година, што беше опасно по живот.
„Владата ја ажурираше постапката за преминување на државната граница. Мажите на возраст од 18 до 22 години ќе можат слободно да ја преминуваат границата за време на вонредната состојба“, објави украинската премиерка Јулија Свириденко на „Телеграм“.
Таа изјави дека одлуката важи и за граѓаните „кои моментално се наоѓаат во странство“, кои сега можат да се вратат во Украина, како и повторно да ја напуштат.
„Сакаме Украинците да одржуваат што е можно повеќе врски со Украина“, додаде Свириденко.
Мобилизацијата не е применлива за млади мажи на возраст од 18 до 22 години, а минималната возраст за воена служба е намалена на 25 години во април 2024 година.
Војската воспостави договор со финансиски стимулации за овој сегмент од машката популација, кој не го имаше очекуваниот успех.
Според Обединетите нации (ОН), повеќе од 5,6 милиони луѓе заминале во странство од почетокот на војната во Украина, од кои огромното мнозинство се во земји низ Европа.