За изигравање “нинџи“ во сообраќајот од 1 јануари трајно ќе се одзема возилото, вели Тошковски

1457

Сејв сити системот ќе биде во функција од 1.1.2026 година и oние кои што сметаат дека можат да изиграваат нинџи на улиците во Скопје и на улиците низ македонските автопатишта, односно безобѕирно ќе управуваат моторно возило, трајно ќе се одзема возилото и од утредента ќе биде ставено во функција на Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјала, детска градинка Цветче итн., изјави вечерва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во гостување на МРТВ, Тошковски посочи дека казните за сообраќајните прекршоци ќе се добиваат на мобилен телефон и појасни дека доколку се работи за мал прекршок ќе треба да се плати само паричен надоместок, доколку е поголем прекршок, тогаш ќе треба да се оди на суд каде би била изречена и забрана за управување.

На мобилен телефон ќе ви стигне порака дека сте направиле прекршок на тој и тој ден, „ве молиме упатете се до Министерството за внатрешни работи доколку сакате да ги добиете доказите или кликнете на веб страницата доколку сакате да ја видите сликата што ја имаме како доказ за вас“. Ќе се процесуира, доколку е мал прекршок ќе треба да се плати парична казна, ако е поголем прекршок ќе се оди на суд со забрана … Ме прашуваат „Ферари ако одземете што ќе направите со него“, велам ќе го дадеме на Детска градинка Цветче да се возат дечињата. Битно е дека ќе го одземеме возилото и тој што ќе управува безобзирно таков тип на моторно возило нема да го има повеќе, па да видиме со новото што ќе го купи пак ќе го прави истото, рече Тошковски.

ИЗДВОЕНИ