
Тој додаде дека се обидува да одговори со „извинете“ за секој груб збор, наведувајќи дека тоа е негова работа и обврска како претседател на земјата.
„Дали некогаш сум отишол предалеку – да, сум отишол, но јас сум човек од крв и месо. Тоа низ кое што сум поминал јас, да не се налутите, никој од луѓето во Србија не доживеал такви навреди, напади, притисоци, гнасотии што морал да ги чуе за себе и за своето семејство“, рече Вучиќ.
Тој процени дека 10-15, до 20 проценти од луѓето во Србија биле „крајно разочарани“ по митингот во Нови Сад на 1 ноември, тврдејќи дека се „апсолутно сигурни дека сè е завршено и дека е прашање на време кога ќе ја дофатат власта и ќе управуваат со парите“.
„Тие го прават тоа за пари, а не за идеи и идеали што ги немаат. А потоа тоа не се случило и нема да се случи“, тврди претседателот на Србија.
Зборувајќи за вчерашните инциденти во шаторската населба пред Домот на Народното собрание, тој рече дека луѓето во Пионирски парк биле „нападнати од чист мир“ и дека вчера биле нападнати седум простории на СНС во Србија.











