Српскиот претседател Александар Вучиќ го најави отворањето на својот „Подкаст“ канал, а во првата епизода како гостин ќе биде познатиот кошаркарски тренер Мирослав Мута Николиќ.
Подкастот ќе се вика „подкАВст“, а првата епизода со гореспоменатиот тренер ќе се емитува во петок, 4 август, во 12 часот.
„Постојат разговори што долго време сакав да ги водам. Не за политика, туку за луѓето, нивните животи, успеси, неуспеси, верувања и сè што ги обликувало. За спортот, културата, уметноста, религијата, историјата… За работите што нè поврзуваат и од кои можеме да научиме нешто и зошто вреди да застанеме и да слушнеме друга личност“, наведе Вучиќ во објава на својот Инстаграм профил.
Тој додаде и зошто решил да го направи овој потег.
„Затоа го започнав „подкАВст“. Сакам да биде место за добри разговори и интересни луѓе. Место каде што можеби можеме малку подобро да се запознаеме. Премиерата е во петок во 12:00 часот, на мојот YouTube канал Aleksandar Vučić youtube.com/@avucic. Ако сакате да бидете дел од оваа приказна од самиот почеток, претплатете се на каналот и вклучете ги известувањата. Се гледаме во петок“, порача српскиот претседател.
Мирослав Мута Николиќ е познат кошаркарски тренер кој е во оваа работа од 1990 година, а во својата кариера ги предводел Црвена Звезда, Партизан, Будуќност, Марибор и бројни други клубови. Тој освои четири медали со српската репрезентација како помошник тренер












