Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес конференција денеска рече дека не ги гледал протестите на студентите во блокада, зашто имал „поважна работа за државатавата“.
На новинарско прашање тој одговори дека видел само „тажен собир во Белград“.
Судентите во блокада вчера попладне протестираа во повеќе од 30 градови низ Србија и секаде беше одржан ист говор. Тие бараат организирање избори, во спротивно, се закануваат со граѓанска непослушност.
Студентите кои не се во блокада, таканаречени ќаци, најавија штрајк со глад во обид да издејствуваат отворање на факултетите. Вучиќ денеска имаше средба со нив на која тие побараа од него да не им се лути затоа што сакаат да штрајкуваат со глад.
Нивен претставник му рече на претседателот дека студентите што сакаат да учат ја губат трката со колегите од регионот и од светот, иако се обиделе сè, па и пишување кривични пријави за да се вратат на настава.