Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека парламентарните избори ќе се одржат на 18 или 25 октомври и додаде дека конечната одлука ќе биде позната за неколку дена.
„Парламентарните избори во Србија ќе се одржат, како што стојат сега работите, или на 18 или 25 октомври, а ќе знаеме на кој ден“, рече Вучиќ во гостувањето во „Дневник 2“ на Радио Телевизија Србија.
Тој истакна дека претходно најавил дека изборите ќе се одржат кон крајот на октомври.












