Ќе распишам избори во следните неколку дена. Мислам дека ќе биде наутро на 9 или 10 септември. 10 септември е веројатно последниот ден, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување во информативната програма на ТВ Информер, пренесува „Данас“.
Вучиќ потсети дека утре во Ниш ќе се одржи седница на главниот одбор на Српската напредна партија, каде што ќе се дискутира за претстојните предвремени парламентарни избори, како и за можноста претседателот Вучиќ да се кандидира за премиер.
Тој нагласи дека, доколку добие поддршка, ќе презентира два предлози – едниот сега, а другиот откако ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Републиката.
„Ако ја добијам поддршката од народот да бидам премиер, ако ја добијам поддршката од народот за тоа. Мојот прв предлог ќе биде тоа да биде најмалата влада во историјата на Србија – премиер и 12 министри. Тоа ќе биде моето ветување пред граѓаните“, најави Вучиќ.
Вучиќ нагласи дека сериозно се подготвува да ја преземе функцијата премиер, додавајќи дека ова најверојатно ќе биде неговиот последен мандат.












