Вучиќ го нагости Ван Дам во Белград! Актерот „го свитка“ во борбата со раце/ВИДЕО

81

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави фотографии на Инстаграм од средбата со познатиот белгиски актер и мајстор на боречки вештини Жан-Клод Ван Дам, кој е во Србија за да учествува на Филмскиот фестивал во Ниш.

Вучиќ и Ван Дам се сретнаа во Белград, а за време на вечерата разговарале за бројни теми, од филм и спорт до Србија.

„Исто така, заклучивме дека успехот, без разлика дали е во филмот, во спортот или во животот, не доаѓа без работа, дисциплина и голема енергија“, напиша Вучиќ.

Тој додаде со хумористичен тон дека не го замолил својот гостин да ја изведе неговата понзта „шпага“, затоа што носел костум.

Вучиќ откри и дека се натпреварувал со познатиот актер во борба со раце, но дека доживеал пораз.

„Што се однесува до борба со раце, изгубив, но нема да ви го дадам тоа задоволство во видео формат“, заклучи Вучиќ.

ИЗДВОЕНИ