Возачот што ја прегази Фросина, осуден на 3 години затвор за трговија со дрога

69

Апелациониот суд Скопје повторно го осуди Васил Јованов на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Апелација ја одби како неоснована жалбата на обвинетиот Васил Јованов, по одлуката на Врховниот суд во мај годинава да ја укине претходната второстепена пресуда и да го врати случајот на повторно судење.

Одлуката, како што информираат од второстепениот суд, е донесена на јавна седница одржана на 11.6.2025.

– Решението на Основниот кривичен суд Скопје од 31.7.2024 година го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција изречена заводска мерка упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од една година и за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од три години. Со тоа се осудува на единствена казна затвор во траење од три години и десет месеци – се вели во соопштението од Апелација.

Мерката да замине во воспитно-поправен дом, со која претходно Кривичниот суд го осуди Јованов за виновен, наиде на негативни реакции откако тој смртно ја прегази младата Фросина Кулакова. За сообраќајната несреќа, Јованов беше осуден на затворска казна од 12 години откако ја призна вината за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. (П. А.)  

ИЗДВОЕНИ