четврток, октомври 8, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Возачите со внимание ја чекаат одлуката: Денеска ќе се знае што ќе...

Возачите со внимание ја чекаат одлуката: Денеска ќе се знае што ќе биде со цените на горивата!

120

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе нова одлука за цените на горивата. По последното поскапување од 4,5 денари кај бензините и 6,5 денари кај дизелот, останува неизвесно дали ќе следи ново зголемување.

Во пресметката веќе е вклучена намалената акциза – за два денари кај бензините и четири денари кај дизелот. Владата засега не планира намалување на ДДВ-то, но најавува дека ќе ги следи цените.

Главната причина за поскапувањето на горивата е зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светските пазари.

„Евростат“ објави дека цените на горивата и мазивата за личен транспорт во Европската Унија се зголемија во просек за 16,9 % во јули во споредба со истиот месец минатата година. На месечна основа, цените на дизелот во ЕУ се зголемија за 4,3 % во јули, додека цените на бензинот се зголемија за 4,7 %.

Во меѓувреме, Германија и уште пет земји од ЕУ бараат воведување данок на екстрапрофит за нафтените компании.

ИЗДВОЕНИ