понеделник, август 24, 2026
Дома СВЕТ Сопственикот на „барот на смртта“ во Кран Монтана ја претепал сопругата: Ново...

Сопственикот на „барот на смртта“ во Кран Монтана ја претепал сопругата: Ново обвинение по трагедијата во која настрадаа 41 лице

120

Жак Морети, сопственик на барот „Le Constellation“ во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети. Според информациите од швајцарската телевизија Léman Bleu, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале.

Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор.

Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана.

Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.

Адвокатите на Жак и Џесика Морети, Јаел Аја, Николас Мејет и Патрик Мишо, рекоа дека новиот случај се води целосно одвоено од истрагата за катастрофалниот пожар во Кранс-Монтана.

„Овие настани, кои се истражуваат како дел од посебна постапка, се однесуваат исклучиво на нивниот приватен живот, поради што нема да коментираме за нив“, рекоа адвокатите.

Тие нагласија дека инцидентот не треба да се поврзува со трагедијата во барот, но додадоа дека се случил во контекст на „исклучително тежок период со кој семејството Морети се обидува заедно да се справи од 1 јануари“.

Жак Морети е еден од главните осомничени во истрагата за пожарот што го зафати „Le Constellation“ во познатиот швајцарски скијачки центар Кран-Монтана на 1 јануари.

Во пожарот загинаа 41 лице, а 115 беа повредени.

Жак и неговата сопруга Џесика се меѓу вкупно 16 обвинети во судењето за трагедијата. Тие се обвинети, меѓу другото, за убиство од небрежност, предизвикување пожар и нанесување тешки телесни повреди од невнимание.

Новиот случај за наводно насилство врз Џесика Морети се води како посебна постапка.

ИЗДВОЕНИ