Чадот од повеќе од 830 пожари во Канада се прошири во делови од САД, вклучувајќи го и Њујорк, каде што квалитетот на воздухот достигна нездраво ниво, а предупредувањата за загадување на воздухот се во сила од Минесота до државата Њујорк.
Најголемите пожари моментално горат во западно-централниот дел на Онтарио, а ветровите носат големи количини чад кон североистокот и средниот запад на САД, објави „Еј-би-си“.
Портокалова магла беше забележана вчера во Њујорк, а властите предупредуваат дека лошиот квалитет на воздухот може да продолжи во текот на целиот ден.
На социјалните мрежи се појави видео од товарен воз опкружен со пламен од пожар.
– Ова може да нè стигне во секој момент. Ситуацијата стана малку застрашувачка – рече еден член на екипажот.
Метеоролозите очекуваат густ чад да се прошири од регионот на Големите езера кон североисток во наредните денови, погодувајќи градови како Бафало, Бостон, Филаделфија, Кливленд, Колумбус, Балтимор и Вашингтон.
Топлитен бран зафати и голем дел од САД.
Температурите на источниот брег достигнуваат околу 38 степени Целзиусови.
Во Јужна Калифорнија се на сила предупредувања за екстремна топлина, при што температурите во некои области надминуваат 40 степени Целзиусови.
Обилните дождови и ризикот од ненадејни поплави продолжуваат во Тексас, откако делови од државата добија помеѓу 15 и 40 сантиметри дожд во текот на неделата.
Торнадо беше забележано и во близина на Сан Антонио вчера, но нема извештаи за поголеми штети, пренесува „Танјуг“.
🚨🇨🇦 Canada’s #wildfire emergency
A freight train was caught in an advancing wildfire near Armstrong, Northern Ontario
-128 active wildfires across northwestern #Ontario
-Armstrong & multiple First Nations have been evacuated
-Highway closures
-Temperatures nearing 40°C#canada pic.twitter.com/YDEhmCFRLC— GlobeUpdate (@Globupdate) July 15, 2026












