сабота, август 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Воз удри во автомобил на велешка пруга – за среќа нема повредени

Воз удри во автомобил на велешка пруга – за среќа нема повредени

0

Патнички воз денеска наутро удрил во автомобил кај велешката населба Превалец, во несреќата нема повредени лица, соопшти МВР.

„Во СВР Велес било пријавено дека утрово околу 8:45 часот на железничкиот премин на регионален пат Велес-Извор, кај населба Превалец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Г.М. од Велес и патнички воз управуван од 32 -годишниот М.А.од Скопје. Во несреќата повредени лица нема“, информираше СВР Велес.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Веле. Од 8:45 до 09:55 часот сообраќајот на патниот правец Велес-Извор беше во прекин.

ИЗДВОЕНИ