
Германскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Њукасл, Ник Волтемаде, ќе ја одработи актуелната сезона како позајмен фудбалер во дресот на најтрофејниот клуб во италијанската Серија А, Јувентус. „Старата дама“ ќе одвои околу 3,5 мил. евра за едногодишното позајмување, а тамошните медиуми потврдија дека таа нема право да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната.











