Во Ватикан сè е подготвено за почетокот на конклавата во вторник

17
EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Сè е подготвено за почетокот на конклавата во вторник, кога кардиналите од целиот свет ќе изберат нов папа. На Систинската капела беше поставен и оџак, што со бел чад ќе означи дека е избран 267-от поглавар на Римокатоличката црква.

Во сабота ќе биде објавена книгата „Живот: Мојата приказна“ од новинарот Фабио Рагона, која ја раскажува приказната за животот на папата Франциск и во која кардиналот Берголио признава дека не исполнил две цели. Првото, дека не ја завршил работата за спречување на злоупотребата во Црквата и второто, за разјаснување на мистериозната смрт на девојката Емануела Орланди. Книгата открива еден аргентински папа кој бил чувствителен, ироничен, духовит и решителен.

Кардиналите се состануваат секојдневно за да разговараат кој би можел да биде новиот папа, а наводно е постигнат договор за фаворитите. Според изјавите на некои кардинали, папата би можел да биде избран до крајот на следната недела.

Инаку, пожарникарите во Ватикан денеска поставија оџак на покривот на Сикстинската капела кој ќе се користи за горење на гласачките ливчиња за време на конклавата за избор на наследник на папата Франциск.

Тајниот состанок започнува на 7 мај, а изолираните кардинали ќе го користат оџакот за да му соопштат на надворешниот свет дали избрале нов поглавар на Католичката црква, која има 1,4 милијарди верници, пишува агенцијата Ројтерс.

Се очекува изборот на нов папа да не потрае долго.

Сепак, во 13 век, биле потребни речиси три години, или поточно 1.006 дена, за да се избере наследник на папата Климент IV, што го прави најдолгиот конклав во историјата на Католичката црква.

Оттука потекнува терминот конклава – „под клуч“, бидејќи кардиналите што се состанувале во Витербо, северно од Рим, траеле толку долго што мештаните решиле да ги заклучат во соба додека не изберат нов папа.

ИЗДВОЕНИ