Најавениот концерт на Дино Мерлин во Краљево предизвика бура од протести во Србија, се чини како никогаш досега. Според локалните медиуми, дури е закажан и голем митинг за 26 август, организиран од Здружението на воени ветерани на Србија.
Протестот ќе се одржи на плоштадот Јован Сариќ во Краљево, под наслов „Нема да пееш“, а организаторите нагласуваат дека тоа ќе биде можност „граѓаните да го изразат своето незадоволство и да испратат јасна порака во врска со неговиот најавен настап во Краљево“.
На мост во Краљево дури се појави и транспарент „Нема да пееш“, кој брзо беше отстранет.
Инаку, неодамна беше покрената онлајн петиција под наслов „Да му се забрани на Дино Мерлин концерт во Краљево“, во чиј текст се наведува „противставување на настапот на Мерлин во Србија, повикувајќи се на неговите претходни изјави за Србите кои со години се предмет на јавна контроверзност“.
И покрај френетичната кампања во Србија, Мерлин го распродаде концертот. Според медиумите во Србија, Мерлин веќе продал 25.000 билети и се подготвува за најголемиот спектакл на отворено.












