Во септември Царинска управа наплатила 180 милиони евра приходи

8

Царинската управа во септември наплатила приходи од 179,5 милиони евра, што претставува раст од 7,5 проценти или зголемување од 12,5 милиони евра во однос на тој месец минатата година. Притоа, најголем процентуален раст од 13,4 проценти е остварен во наплатата на приходи од царина. Наплатата на приходи од ДДВ бележи раст од 8,7 проценти, од ДМВ за 6,9 проценти, додека од акциза за 3,7 проценти.

– Создадовме систем што континуирано генерира високи приходи во буџетот и овозможува повеќе средства за капитални проекти, кои ќе генерираат одржлив економски раст. Во јули, наплатата на приходите беше зголемена за 10,5 милиони евра, во август за 14,5 милиони евра, а во септември за 12,5 милиони евра – вели директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.

Кумулативно, од почетокот на годината Царинската управа наплати приходи од 1,58 милијарди евра, што е за 78 милиони евра повеќе од лани тој период.

ИЗДВОЕНИ