четврток, јуни 4, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Европската конфедерација на синдикати застана зад барањата на ССМ за повисоки плати

Европската конфедерација на синдикати застана зад барањата на ССМ за повисоки плати

37

Сојузот на синдикати доби поддршка од Европската конфедерација на синдикати во заложбите за зголемување на минималната плата и сите останати плати.

Во писмото упатено до претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, се вели дека напорите и заложбите на ССМ за одбрана на работничките права, промовирање на фер минимални плати, обезбедување соодветно зголемување на платите и зајакнување на колективното договарање се целосно легитимни и се од големо значење.

– Тие ги одразуваат реалните потреби на работниците кои се соочуваат со зголемување на трошоците на живот и зголемена економска несигурност. Вашето залагање за пристојни услови за живот и работа е во срцевината на синдикалното дејствување и е цврсто засновано на меѓународните и Европските стандарди на трудот, се вели во писмото.

Од Европската конфедерација на синдикати велат дека се особено загрижени за, како што наведуваат, пријавите и извештаите за лично целење и заплашување врз претставниците на синдикатот.

– Особено сме загрижени од пријавите и од извештаите за лично целење и заплашување што несомнено има за цел да се влијае врз претставниците на синдикатите и врз нивните семејства. Ваквите дејства се апсолутно неприфатливи и некомпатибилни со демократските принципи. Слободата на здружување, колективното договарање и правото на преземање синдикална акција, активности и чекори, вклучително и штрајк, се фундаментални права заштитени со Конвенциите на МОТ и Европските инструменти за човекови права. Овие права мора да се почитуваат и во Законите и во практиката. Европската конфедерација на синдикати (ETUC) цврсто стои на ваша страна. Ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата и каде што е потребно да изразуваме загриженост на Европско ниво, стои во писмото од Европската конфедерација на синдикати.

 

ИЗДВОЕНИ