Новиот поглавар на Католичката црква чие световно име е Роберт Франсис Превост (69) рече денеска во разговор со кардиналите кои го четвртокот го избраа за папа, дека црковното име Лав XIV го избрал затоа што претходниот носител на тоа име, папата Лав XIII (1810-1903) со историска енциклика „Rerum novarum“ го покренал социјалното прашање во време на Првата индустриска револуција.
Таа енциклика од 1891 година, чиј назив значи „За новите нешта“ со поднаслов „Правата и обврските на капиталот и трудот“ е инаугурациски текст на „социјалната доктрина“ на Католичката црква, вообличени низ прицкипите на достоинството на личноста, солидарноста и заедничкото добро.
„Денеска Црквата на сите им го нуди своето наследство на социјална доктрина да одговори на едно подрчје на идустриската револуција и развојот на вештачката интелигенција кои постауваат нови предизвики на човечкото достоинство, правда и труд“, рече денеска папата.
Папата Лав XIV навести дека ќе ги продолжи визијата и реформите на својот претходник, папата Франциск (1936-2025), порачувајќи им на кардиналите од целиот свет дека покојниот папа остави „скапоцено наследство“ кое мораат да го продолжат и да одат понатаму вдахновени со истите надежи кои се раѓаат од верата.
Првиот папа од САД кој има перуанско државјанство каде што како мисионел поминал повеќе од половината од својот живот, наброја низа основни аспекти за кои за заложуваше покојниот папа Франциск. Тоа се „сигурен и храбар дијалот со современиот свет“, „љубезното внимание кон минорните и напуштените“, мисионерската работа, активноста на црквата во сите области.
Тој рече и дека папата е „понизен слуга на Бога и на своите браќа и ништо друго“.
Папата Лав XIV утре од балконот на базиликата „Свети Петар“ ќе ја одржи својата