Во Приштина е пронајдено мртво новороденче во црна кеса

21

Телото на новороденче без знаци на живот е пронајдено во црна кеса покрај депонија за отад во една улица во Приштина.

Информацијата ја пренесе порталот КоССев.

Косовската полиција го потврди случајот за приштинска Коха, наведувајќи дека случајот е пријавен утринава околу 11 часот.

Лекарите од итната помош потоа констатирале дека новороденчето било пронајдено без знаци на живот.

„Денеска околу 11 часот полицијата прими информација за сомнеж за напуштено новороденче во близина на депонија со отпад во една улица во Приштина. Сите релевантни полициски единици веднаш излегоа на лице место, како и брза помош која констатираше дека новороденчето нема знаци на живот“, наведуваат од КП за „Коха“.

Безживотното тело на новороденчето се наоѓа во Институтот за судска медицина, а полицијата отвори истрага.

Во меѓувреме, случајот го потврди и Основното обвинителство во Приштина/

Се наведува дека „се преземаат сите мерки и истражни дејствија во врска со овој случај“.

 

ИЗДВОЕНИ