понеделник, февруари 2, 2026
Дома СВЕТ Во Полска, најмалку 38 лица починаа од студ

Во Полска, најмалку 38 лица починаа од студ

21
EPA/Andrzej Jackowski POLAND OUT

Заменик-министерот за внатрешни работи на Полска, Веслав Шчепањски, соопшти дека најмалку 38 лица починале од хипотермија во земјата оваа зима, што е двојно повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Шчепањски додаде дека се чекаат обдукции за уште две тела, па бројот на починати од cби можел да се искачи на 40. Тој исто така истакна дека во истиот период 54 лица починале од труење со јаглероден моноксид.

Шчепањски наведе дека припадниците на итните служби, вклучувајќи приближно 8.600 полицајци, пребаруваат напуштени згради и засолништа барајќи луѓе што се обидуваат да се скријат од студот. Тој посочи дека во земјата се поставени специјални шатори со греење, кои ќе работат 24 часа дневно за да им овозможат засолниште на бездомниците.

Вчера беше најавено дека Полска ја очекува најстудената ноќ во годината и дека температурите во поголемиот дел од земјата ќе се движат меѓу 20 и 30 степени под нулата.

– Во Сувалки температурата може да падне и до минус 29 степени, но поради ветерот, субјективното чувство ќе биде како да е минус 36 или 38 степени – изјави тој.

ИЗДВОЕНИ