Дел од минатите раководства на АД МЕПСО барале мито од инвеститорите, и во моментот се истражува тоа. Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека наскоро ќе бидат обелоденети ваквите тврдења во јавноста. – Затоа што некои минати раководства во МЕПСО, за да издадат мислење пред инвеститорите, имаат барано мито, и го истражуваме тоа. За жал, има малку докази, но мислам дека наскоро ќе бидат обелоденети дел од овие тврдења – изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Во Законот за енергетика, кој беше донесен неодамна, изречно е наведено дека МЕПСО нема да може да биде понуден на продажба. Ова акционерско друштво во државна сопственост ќе му припадне на Министерството за енергетика и во Законот има посебни одредби што нема да дозволат да биде продадено на заинтересирано приватно лице

 

Дел од минатите раководства на АД МЕПСО барале мито од инвеститорите, и во моментот се истражува тоа. Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека ваквите тврдења наскоро ќе бидат обелоденети во јавноста.

– Најголемиот конзум што го има Македонија е во зима, приближно втората половина од јануари, меѓу 18:00 и 20:00 часот, и тоа е 1,5 гига. Техничкиот капацитет на мрежата е двапати поголем, но во моментот има проекти и барања од 9,5 гига, односно трипати повеќе од техничкиот капацитет и шест пати повеќе од тоа што го трошат граѓаните. Зошто? Затоа што некои минати раководства во МЕПСО, за да издадат мислење пред инвеститорите, имаат барано мито, и го истражуваме тоа. За жал, има малку докази, но мислам дека наскоро ќе бидат обелоденети дел од овие тврдења – изјави премиерот Мицкоски.

Тој негира дека има чести испади на енергетската мрежа и вели дека имало само еден испад изминатиот викенд, поради надворешен фактор.

– Зборуваме за неделата кога имаше зголемени напонски прилики на далноводот што ги поврзува Врање и Штип. Тоа значи дека наместо 400-киловолтна напонска состојба, имаше 460-киловолтна состојба, со што се активираше заштитата на мрежата и нормално е дека се исфрла тој далновод од функција – рече Мицкоски.

При крајот на 2023 година, во јавноста беше лиферувана информацијата дека тогашната влада на СДСМ и ДУИ планира да продаде дел од МЕПСО, но веста беше оценета како лажна од тогашниот премиер, Димитар Ковачевски. Тој демантираше дека воопшто било разговарано и преговарано за какво било продавање на дел од МЕПСО, кој е во 100-процентна сопственост на државата.

На посочувањето дека информацијата за продажба на МЕПСО на грчкиот електропреносен систем оператор доаѓа од грчките медиуми, Ковачевски изјави тогаш дека „тие имаат своја стратегија и може да имаат стратегија како што можеме да имаме и ние“.

– Доколку сакаат тие да купат дел во некоја наша компанија, тогаш и ние сме заинтересирани за купување на солунското пристаниште. Гасниот терминал во Александропули има свои сопственици и доколку некој од нив има намера да продаде дел од своите удели што ги поседуваат, нашата држава е подготвена да купи дел од гасниот терминал и да стане дел од сопственичката структура – изјави Ковачевски тогаш.

Во Законот за енергетика, кој беше донесен неодамна, изречно е наведено дека нема да може да биде понуден МЕПСО на продажба. Ова акционерско друштво во државна сопственост ќе му припадне на Министерството за енергетика и во Законот има посебни одредби што нема да дозволат да биде продадено на заинтересирано приватно лице.

Се планира централа како „Те-То“ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Когенеративните гасни централи се решение за енергетска независност на државата и за намалување на загадувањето. Според најавите на министерката за енергетика, Сања Божиновска, се планира да има една таква комбинирана централа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Според неа, ова би било добро решение, поради тоа што има големо аерозагадување во тој дел од Скопје.

Турската групација „Казанџи холдинг“, пред два месеца, изрази заинтересираност да изгради когенеративни гасни централи во Македонија, кои, покрај производство на електрична енергија, ќе произведуваат и топлинска енергија со која би се загревале домаќинствата во нашата земја. При што беше посочено дека, заедно со централите, се предвидува и изградба на секундарна гасоводна и топлинска мрежа, како и дека домаќинствата нема да имаат никакви трошоци за приклучување. Целата инвестиција е во вредност од една милијарда долари или речиси една милијарда евра.

(С. Бл.)

 

ИЗДВОЕНИ