четврток, февруари 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во Кавадарци ќе се отвори отсек за медицински сестри

Во Кавадарци ќе се отвори отсек за медицински сестри

139

Кавадарци ќе добие отсек медицинска сестра во средното образование, најави претседателот на Советот на Општина Кавадарци, Стојанче Рамов, на последната седница.

– Баравме отсек медицинска сестра, нашето барање помина на Комисијата за стручно образование при Министерството и останува само уште министерката за образование и наука, Весна Јаневска, да потпише указ. Очекуваме да се случи тоа до крајот на овој месец – појасни Рамов за МИА.

Тој истакна дека јавноста го поздравува ова и дека е за општо добро.

 

ИЗДВОЕНИ