четврток, октомври 22, 2026
Дома СВЕТ Во ЕУ се мислат за позицијата преговарач со Русија: Кој оди пред...

Во ЕУ се мислат за позицијата преговарач со Русија: Кој оди пред Путин?

0

Според медиумските извештаи, земјите-членки на Европската унија се загрижени за својата позиција во преговорите поврзани со Украина и бараат личност способна да ги застапува интересите на целиот блок.

Прашањето за избор на преговарач стана уште поактуелно по средбата меѓу специјалниот пратеник на американски претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и рускиот претседател Владимир Путин, одржана на 21 октомври во Санкт Петербург.

Европските претставници ја препознаваат важноста на директниот контакт со рускиот претседател, но сепак, сè уште не е одреден кандидат за оваа потенцијална преговарачка улога. Според информациите, меѓу потенцијалните кандидати за оваа сложена улога е и финскиот претседател Александар Стуб.

Фактори што му одат во прилог се долгогодишните дипломатски односи меѓу двете соседни земји, како и неговото лично познанство со првиот човек на Белата куќа, Доналд Трамп.

Друг потенцијален кандидат е претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Според еден европски дипломат, на кого се повикуваат медиумите, Кошта би можел поефективно да ги застапува интересите на ЕУ отколку претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Во текстот се наведува дека е од клучно значење Европската унија во преговорите да биде претставена од некој што може да се залага за интересите на сите земји-членки, а не само на една влијателна група.

На 20 октомври, во Осло се одржа средба меѓу украинска делегација и Виткоф. На средбата присуствуваа Џаред Кушнер – зетот на американскиот лидер, кој се вклучи преку видео-врска – норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и финскиот претседател Александар Стуб.

Потоа, Виткоф замина во Русија на преговори. Средбата со рускиот претседател Владимир Путин, одржана на 21 октомври во Санкт Петербург, беше главно фокусирана на решавање на украинскиот конфликт и траеше околу три часа.

ИЗДВОЕНИ