Во Дубровник се упасени тројца Украинци во обид за измана вредна милиони евра

125
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Тројца Украинци се уапсени во Дубровник и против нив е покрената истрага за организирана меѓународна измама вредна околу 800.000 евра, како и обид за измама вредна милиони, беше објавено денес во Загреб, пренесува „Бета“.

Канцеларијата за борба против корупцијата и организираниот криминал (USKOK) објави дека постои основано сомнение дека обвинетите, сите родени во 1995 година, од крајот на април до 8 август годинава, во Дубровник, Шпанија, Полска и Обединетото Кралство, ги здружиле силите во заеднички операции со неколку непознати лица.

Нивната цел бил голем број луѓе кои, инвестирајќи значителни суми пари во тргување со акции, нафта, криптовалути и злато на онлајн платформа, ги изгубиле инвестираните средства.

Измамниците се претставиле како луѓе кои би можеле да им помогнат да ги вратат парите.

Се сомнева, изјави УСКОК, дека одредени членови на криминалната организација контактирале со лица кои претрпеле загуби од тргување на онлајн платформата, лажно претставувајќи им дека е потребно да извршат исплати на средства врз основа на даноци, надоместоци за конвертирање на криптовалути во евра, депозити и правни услуги на одредени сметки, според нивните упатства, а за возврат ќе им овозможат да ги вратат инвестираните и изгубени пари.

Така, тие контактирале со оштетена страна која инвестирала значителна сума пари и остварила профит од 530.000 евра, кои потоа ги изгубила, и лажно се претставиле како претставници на онлајн платформа, вработени во Агенцијата за спречување на перење пари од Холандија и вработени во банка од Брисел. Кај него создале лажно верување дека ќе му овозможат да ги врати инвестираните суми пари и профит.

Откако жртвата ги извршила потребните исплати на сметките на неколку странски компании, гореспоменатите лица лажно тврделе дека пронашле дополнителен износ од 2,1 милион евра и му ветиле вкупен поврат од четири милиони доколку плати уште 1,22 милиони евра во банка во Брисел.

Откако им кажал дека не може директно да плати толку многу, тие го замолиле да подготви 1,3 милиони евра во готово за наводните трошоци за депозит и провизија и да ги предаде на одредена локација во Дубровник.

Откако лицата кои контактирале со оштетениот им наложиле на обвинетите украински државјани да ги подигнат готовите пари од оштетениот на 8 август на локација во Дубровник, тројцата Украинци биле уапсени кратко пред договореното предавање на парите.

ИЗДВОЕНИ