среда, февруари 11, 2026
Дома СКОПСКА Во Центар треба да се отстранат десет диви тезги за продажба

Во Центар треба да се отстранат десет диви тезги за продажба

128

Инспекциските служби на Општина Центар спровеле вонреден инспекциски надзор на плоштадот „Филип Втори“ и на влезот во Старата скопска чаршија.

При контролата, било утврдено постоење на диво поставени и заградени објекти. При тоа, издадени се решенија за отстранување на 10 диви објекти, и тоа во рок од пет дена.

Доколку сопствениците не ги отстранат објектите во наведениот рок, Општина Центар ќе го стори тоа.

– Општина Центар нема да дозволи узурпирање на јавниот простор. Ќе продолжиме со континуираните контроли за да ги зачуваме редот, безбедноста и автентичниот изглед на просторот – изјави градоначалникот на  Општина Центар, Горан Герасимовски.

 

ИЗДВОЕНИ