среда, февруари 25, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Во четири општини во Македонија се одржуваат повторени избори за градоначалник

Во четири општини во Македонија се одржуваат повторени избори за градоначалник

44

Во Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше денеска се одржуваат повторените избори за градоначалник.

Ова доаѓа откако на редовните локални избори на 19 октомври не беше постигната доволната излезност од 33,33% од запишаните гласачи и изборите беа неуспешни.

Во Гостивар ќе се гласа на 120 избирачки места,  Маврово Ростуше има 40 избирачки места, Врапчиште на 39 избирачки места  a бројот на гласачи во Центар Жупа запишани во Избирачкиот список се 7 562.

Од Државната изборна комисија за денеска закажаа неколку прес-конференции на кои ќе се објавуваат информации за текот на гласањето.

Првите прелимнирани резултати од гласањето ќе бидат објавени нешто по 20.00 часот.

ИЗДВОЕНИ