Над две третини од вкупно 27 тони дрога се поврзуваат со фирма која директно води до кадри и блиски соработници на СДС и кланот Заеви, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Станува збор за фирмата „ЦБД Медплант“, формално заведена на името на Христијан Котев, а фактички контролирана од неговиот татко Тони Котев -М’гчев, поранешен претседател на ОО Ново Село на СДС и човек со длабоки бизнис-врски со Вице Заев и Гидан Колев. Според наводите, во период од 30 јуни до ноември 2025 година, оваа фирма има „испорачано“ дури 19 тони марихуана кон скопска фабрика.
Лиценцата за одгледување марихуана за медицински цели на овие фирми во 2020 годинија ја дава владата на Зоран Заев и Филипче. Тогаш, владата на Заев и Филипче доделила лиценци на 2 фирми, „Еко Енерџи-Космос” од Ново Село и „Лајтинг Лукс” од Струмица, во сопственост на синот на Боро Малборо и Христијан Котев гореспоменатиот.
Медицинската марухуана била параван за организиран криминал во огромни размери.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека уште тогаш предупредувале дека лиценците не се делат по закон туку по семејна и партиска блискост со Заеви.
Според партијата Владата на СДС делела лиценци на фирми поврзани со Зоран и Вице Заев, а резултат на тоа денес е тони дрога и сериозни безбедносни последици за државата.
Она што со години функционирало во Струмица очигледно било нарко картел со политичка заштита од СДС и Заев, по начинот на делување и однесување овој скандал потсетува на најмрачните периоди од светката криминална историја, но секој картел без разлика колку долго е заштитуван, на крај паѓа.
Од ВРМО ДМПНЕ бараат ЈО итно да отвори целосна истрага.
Одговорност мора да има, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.












