четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Заев: Пет години трпам лаги и клевети од ВМРО-ДПМНЕ, барам јавно извинување

Заев: Пет години трпам лаги и клевети од ВМРО-ДПМНЕ, барам јавно извинување

135

Поранешниот премиер Зоран Заев денеска во објава на Фејсбук реагира на, како што вели, континуираните лаги, клевети и навреди, што веќе пет години ги пласира ВМРО-ДПМНЕ и нејзините претставници.

Заев јавно побара извинување од пратеникот Бране Петрушевски и од владејачката партија, најавувајќи тужба доколку тоа не се случи во законскиот рок.

„Безобразна лага е дека сум на кој било начин поврзан со случаите со канабис што беа презентирани пред јавноста. Безобразна и дрска лага е дека сум се јавувал во Царинската управа“, дециден е Заев.

Тој посочува дека иако е надвор од политиката веќе пет години, континуирано е мета на напади. Заев ги отфрли и останатите наводи кои се пласираат во јавноста, како оние за изградба на облакодери во Дубаи или притисоци за купување на болницата „Жан Митрев“. Поранешниот премиер нагласи дека досега не сакал да тужи поради борбата за слобода на говорот, но дека овојпат ќе ги искористи сите правни средства за да го заштити своето име.

ИЗДВОЕНИ